Вечерва беа одиграни шест натпревари од италијанската Серија А.
Дербито го играа Лацио и Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во натпреварот помеѓу овие два клуба видовме многу шанси, но победникот го одлучи еден гол. Се играше 23-тата минута кога Бираги одлично нафрли, а Д’Aмбросио најдобро се снајде пред голот на Лацио и погоди за 1:0.
Интер така остана лидер на табелата со максимални 15 бодови.
Inter 1-0 Lazio (D’Ambrosio header and Biraghi with the assit) pic.twitter.com/TuyxZn8bSv
— LEGA SERIE A’s Most Wanted (@FuckYouSerieA) September 25, 2019
Големо изненадување видовме на „Сан Паоло“ каде што Каљари го победи Наполи со 0:1.
Наполи имаше повеќе шанси, но голови до самиот финиш немаше, а тогаш Кастро во 88-та минута донесе победа на Каљари.
Две минути подоцна исклучување кај Наполи заработи Кулибали.
Серија А останати резултати:
Фиорентина – Сампдорија 2:1
Џенова – Болоња 0:0
Парма – Сасуоло 1:0
СПАЛ – Лече 1:3