Дома Фудбал Репрезентации И да сака, можеби ќе му биде забрането: ФИФА нема да му дозволи на Ибрахимовиќ да настапи на Мундијалот!?

И да сака, можеби ќе му биде забрането: ФИФА нема да му дозволи на Ибрахимовиќ да настапи на Мундијалот!?

Како што е познато Златан Ибрахимовиќ заврши со своите настапи за репрезентацијата на Шведска, но со изјавата неодамна Ибра најави дека можеби ќе се врати за Мундијалот во Русија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, денес се појавуваат информации дека и во случај новиот напаѓач Л.А Галакси да одлучи да се врати и добие повик ФИФА би можела да го спречи неговиот настап.

Причината за можниот ваков потег на Светската фудбалска федерација е договорот кој Ибра го има склучено со една букмејкерска компанија. ФИФА според своите правила има забрана за учество на фудбалери кои се поврзани со било каква компанија за обложување.

Ибра зад себе има блескава кариера, а крај на репрезентацината кариера стави по завршувањето на Европското првенство во 2016 година.

Познавајќи каков фудбалер е Ибра веројатно набрзо и самиот ќе се огласи по повод евентуалната забрана од ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Овој клуб го сруши рекордот и ќе има најмногу играчи на Светското првенство

Светското првенство во фудбал почнува за осум дена, од денес се познати списокот на сите 4…