Дома Фудбал Лига на шампиони И ВАР греши: Љоренте победничкиот гол за Тотенхем го постигна со рака! (ВИДЕО)

И ВАР греши: Љоренте победничкиот гол за Тотенхем го постигна со рака! (ВИДЕО)

0

Во луд натпревар во четвртфиналето од Лигата на шампионите Манчестер Сити славеше со 4:3 против Тотенхем, но и покрај тоа „граѓаните“ беа елиминирани.

Реваншот кој се одигра вечерва на „Итихад“ понуди невиден спектакл со дури седум гол и поништен гол на Стерлинг во судиското продолжение.

ВАР ги растажи „граѓаните“ баш како и во 73-тата минута кога Љоренте постигна гол после нафрлувањето од корнер.

Долго се прегледуваше снимката бидејќи изгледаше дека напаѓачот на Спарси играл со рака, но судијата Чакир покажа на центарот.

Меѓутоа сега се појави снимка од агол од кој јасно се гледа дека играл со рака, но тоа сега не може да му биде од помош на Сити.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Видео: Де Лихт пристигна во Торино!

Конечно завршува една од најдолгите трансфер саги ова лето. Матијас Де Лихт ова лето беше …