Дома Македонски спорт Иџе на подиум во Имола: Второ место за македонската гордост!

Иџе на подиум во Имола: Второ место за македонската гордост!

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, се искачи на подиумот по втората трка која денеска се возеше на Имола во рамки на ТЦР шампионатот, откако заврши на втората позиција.

По голема борба во самиот финиш и неколку излетувања на конкурентите кои беа пред него, Иџе Стефановски успеа од петтата позиција да дојде до место на подиумот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


По одличниот старт, Иџе возеше перфектно што му донесе пробив до третата позиција, која подоцна ја загуби од Редуци.

Подоцна, следеше санкција за второпласираниот возач, па на Иџе службено му припадна втората позиција.

За Иџе ова е втор подиум на „Имола“, по онаа победа во 2016 година. Воедно за него ова се први бодови сезонава, по две пропуштени трки поради затворени граници поради коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…