Дома Фудбал Репрезентации Италија не е единствена: Најсилните репрезентации кои не се пласирале на Светско првенство

Италија не е единствена: Најсилните репрезентации кои не се пласирале на Светско првенство

Италија во квалификациите за Светското првенство немаше спектакуларен тим и не се пласираше на Светското првенство, но самиот факт што „Аѕурите“ нема да бидат дел од Мундијалот е вистинска сензација.

„Аѕурите“ не се квалифкуваа на едно Светско првенство прв пат после 1958 година кога пред нив во квалификациите, беше Северна Ирска.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ги немаше Италијаните и во 1930 година, но не затоа што не се пласираа, туку затоа што имаа други причини да не учествуваат. Низ историјата има навистина многу големи селекции кои не пропуштале Мундијали.

Кога веќе ја споменацме 1958 година и Светското првенство во Шведска на кое ги немаше „Аѕурите“ вреди да се потсетиме и дека на Мундијалот во 1958 година не се пласираше Шпанија.

Шпанија (1958 Шведска)

Тимот на Шпанија од тие квалификации сигурно е најдобриот кој во историјата направил ваков кикс. Костурот на тимот беше составен од играчи на Реал кој од 1956 до 1961 пат пати во низа беше шампион на Европа.

Страшниот тим на „Фуријата“ беше предводен од Франсиско Генто, Алфредо Ди Стефано, Хозе Марија Зарага…

Холандија (1986 Мексико)

Холанѓаните имаа нова силна генерација, но не и очекувани резултати. Барем не во тие квалификации. Дел од генерацијата која се бореше за место во Мексико беа: Ханс Ван Брукелен Ирвин Куман, Ред Гулит, Марко Ван Бастен, Франк Рајкард…

Франција (1994 САД)

Франција во квалификациите за Мундијалот во САД имаше моќен тим кој беше составен од: Бернар Лама, Марсел Десаи, Емануел Петит, Дидие Дешам, Жан-Пјер Папен, Ерик Кантона, Давид Жинол…

Се очекуваше да се прошетаа низ квалификациите но тогаш одиграа слабо против Шведска и Бугарија која подоцна беше најпријатното изненадување на тој Мундијал.

Англија (1994 САД)

И Англија во истите квалификации имаше одличен тим, но слабиот учинок во директниот дуел со екипите кои на крајот се пласираа (Норвешка и Холандија) придонесе да не бидат дел од ова Светско првенство

Дел од тимот кој не играше на овој Мундијал го сочинуваа: Симан, Адамс, Пелистер, Плат, Инс, Шарп, Ширер, Гаскоњ...

Португалија (1998 Франција)

Во квалификациите за Франција многумина очекуваа Германија и Португалија да бидат сигурни патници на Мундијалот, но пред тимот од Пиринејскиот полуостров застана Украина со тогаш младиот Андреј Шевченко.

Луис Фиго, Руи Коста, Жоао Пинто, Виктор Баија, Фернандо Коуто, Паулињо, Паулета, Консесиао се дел од фудбалерите кои не беа учесници на Мундијалот во Франција.

Холандија (2002 Јапонија и Јужна Кореја)

Холандија повторно имаше страшен тим и повторно не се пласираа на еден Мундијал. Португалија беше прва во нивната група, Република Ирска втора, додека Холанија остана на третата позиција, а каков тим имаше тогаш селекторот Луис Ван Гал…

Ван Нистерлој, Сидорф, Овермарс, Хасебјанк, Ван Бомел, Клајверт, Коку, Франк Де Бур, Ван Бронхорст, Зенден…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…