Дома Фудбал Репрезентации Италија – Македонија пред полни трибини на „Ренцо Барбера“!

Италија – Македонија пред полни трибини на „Ренцо Барбера“!

Како што стојат работите полуфиналето на „Ренцо Барбера“ во Палермо помеѓу Италија Македонија ќе се игра полни трибини. Тоа би бил првиот фудбалски меч со целосна исполнетост на стадионите после две години откако изби пандемијата со коронавирусот.

„Газета дело Спорт“ и „Тутоспорт“ најавуваат дека баражот во Палермо ќе биде со 100% исполнетост. Одлуката официјално не е донесена, но двата споменати весници повикувајќи се на свои извори од државните и здравствените власти тврдат дека е донесена.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Информациите се дека од последниот викенд овој месец во Италија ќе биде дозволно присуство на 75% од капацитетот и ова би требало да биде на сила до април, а завршницата од италијанското првенство да се игра пред полни стадиони. Владата сепак во интерес на репрезентација, треба да попушти и токму со мундијалскиот бараж на 24. март да го означи враќањето на полниот капацитет после двегодишната пауза.

Од кога избувна кризата во 2020 година, максимално што беше дозволено на Апенините на стадионот оваа сезона беше 75%, за разлика од Англија каде што веќе се играа натпревари пред полн капацитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фердинанд во солзи откри потресна причина зошто не зборувал за борбата на својата сопруга со ракот

Рио Фердинанд се присети на тешките моменти од 2015 година кога ја загуби својата сопруга …