Дома Фудбал Репрезентации Италија доживеа дебакл: „Аѕурите“ останаа без Мундијалот во Русија

Италија доживеа дебакл: „Аѕурите“ останаа без Мундијалот во Русија

Готово е! Италија го заврши својот пат до Мундијалот и остана без него.

Имено, по предноста која ја имаше Шведска на домашен терен од 1:0, вечерва на „Сан Сиро“ обете екипи одиграа меч без погодоци.

Иако за резултатската монотоност, можеби вината му се препиша во целост на главниот арбитар, Лахоз, сепак, Италија остана единствена со „поткусени ракави“.

„Аѕурите“ не успеаа да постигнат два погодоци колку што им беа потребни за пласман, па така, Италија овојпат останува со историски дебакл, и надеж за една нова генерација и нов циклус на квалификации, во кои, за жал помеѓу стативите ќе го нема легендарниот Џанлуиџи Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…