Дома Фудбал Италија Италија го слави Ромањоли – Милан му спреми нов договор

Италија го слави Ромањоли – Милан му спреми нов договор

Милан во последно време игра одлично, а еден од најзаслужните за добрите резултати е младиот дефанзивец Алесио Ромањоли.

Ромањоли оваа сезона игра фантастично во тандем со Бонучи, а за тоа говори и фактот што „росонерите“ имаат примено само еден гол на последните седум натпревари.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


23-годишниот дефанзивец ги собра сите пофалби од критиката, а „Газета дело Спорт“ веќе неколку натпревари со ред му дава највисока оцена.

Денес еминентниот медиум Ромањоли го нарече идниот столб на Милан и италијанската репрезентација.

Ромањоли е на радарот на многу европски гиганти, но генералнот директор на Милан, Марко Фасоне денес потврди дека клубот почнал преговори за нов договор на дефанзивецот.

„Започнавме преговори за нов договор. Алесио е иднината на Милан, игра фантастично и во следните недели ќе треба да го дефинираме договорот“. Изјави фасоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…