Голем дел од италијанските медиуми пренесуваат иста вест – одлучена е судбината на Џенаро Гатузо!
Според она што може да се прочита низ италијанските медиуми, Милан нема да ја продолжи соработката со Џенаро Гатузо и на стратегот на „росонерите“ му преостануваат само уште две кола како тренер на италијанскиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета“ и „Калчомеркато“ пренесуваат дека одлуката била донесена и дека Гатузо ќе си замине откако сезоната ќе заврши.
Во веста се потенцира дека било каков исход во последните две кола нема да биде доволен за Гатузо да остане на клупата, па удри и да се во прашање две победи. Одлуката наводно е донесена и сега се чека само клубот да пронајде адекватно решение.
Управата на Милан веќе е во потрага по нов тренер, а главната причина за завршувањето на авантурата на Гатузо на „Сан Сиро“ била желбата на играчите да ги води тренер кој зад себе има тренерски успеси и изградено тренерско реноме, нешто со кое Гатузо засега не може да се пофали.
Милан така ќе „потроши“ уште една легенда на својот клуб ,пред Гатузо клубот го водеа Инзаги и Сидорф кои се задржаа пократко од неприкосновениот борец.
Инаку, легендарниот фудбалер Антонио Касано неодамна убедено тврдеше дека Конте ќе седне на тренерското столче во Милан.
Ciro Ferrara: “I met Conte during the week. He has clear ideas about his future but I won’t say where he will go.”
Cassano: “Come on, he will go to Milan.”
Ferrara refuses to respond pic.twitter.com/gQmdqkblX3
— Enock Kobina Essel (@kobinaessel39) May 6, 2019