Дома Фудбал Италија Италијански судија открива „нечесни игри“ во Серија А

Италијански судија открива „нечесни игри“ во Серија А

Поранешниот италијански фудбалски судија, Клаудио Гавилучи изјави дека постојат „нечесни игри“ во италијанското првенство.

Гавилучи запиша 50 меча во Серија А и 74 меча во Серија Б, откако Судиската комора одлучила преку СМС да му врачи отказ.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Тој напиша книга „Човекот во црно. Вистината за неудобниот судија“, со која ја нападна Асоцијацијата на италијански судии.

„Ја напишав таа книга бидејќи ме избркаа од судија на 38-годишна возраст. Сакав да дојдам до вистината за да разберам дали имало спортско-технички причини за таква одлука. Открив многу нешта меѓу кои и докази за дискриминација. Во судиската Асоцијација има многу тајни и нечесни игри. Некои мои колеги се едноставно подобни за тој „систем“. Работите не се одвиваат на начин на кој треба да функционираат“, открива Гавилучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул започна преговори со Њукасл за рекордниот трансфер на Исак

Ливерпул започна директни преговори со Њукасл за евентуалниот рекорден трансфер на Алексан…