Дома Трансфер зона Италијанските медиуми: Матуиди пристигнува во Јувентус!

Италијанските медиуми: Матуиди пристигнува во Јувентус!

Откако во текот на вчерашниот ден беше најавено дека Јувентус во финишот од преодниот рок своето внимание ќе го насочи кон Блез Матуиди од ПСЖ, денес од Италија пристигнуваат инфоромации дека целиот трансфер наскоро ќе биде и потврден.

„Кориере Дело Спорт“ во своето денешно издание пренесува дека „бјанконерите“ се договориле за трансфер на фудалерот од средината на теренот за сума од 15 милиони евра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Матуиди не беше стартер на ниту еден од трите натпревари оваа сезона, а во неделниот натпревар одигра само три минути. Споменатиот медиум, потенцира и дека бројот 14 на Матуиди во Јувентус е слободен и дека наскоро се очекува да пристигне и потврда на овој трансфер.

Да потсетиме, Французинот и минатото лето беше голема желба на италијанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…