Дома Останати Тенис Италијанец тврди: Ѓоковиќ никогаш повеќе нема да ги победи Алкараз и Синер

Италијанец тврди: Ѓоковиќ никогаш повеќе нема да ги победи Алкараз и Синер

Некогашниот тенисер Адријано Паната кој успеа да го освои Ролан Гарос во 1976 година смета дека Новак Ѓоковиќ во иднина нема да ги победи Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Ѓоковиќ неодамна го изгуби и второто финале во низа од Вимблдон, а сезонава се уште е без трофеј.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Алкараз покажа дека е силен, мене ми изгледа дека тој и Синер се изедначени на првото место, чудна ми е логиката да ги гледам резултатите од минатата година. Кога во прашање е Ѓоковиќ, тој никогаш повеќе нема да ги победи, ниту Синер, ниту Алкараз“, смета Паната.

Пред Ѓоковиќ сега е настапот за Србија на Олимписките игри во Париз, токму олимпиското злато е единствен голем трофеј кој му недостасува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…