Дома Фудбал Истражување на „Марка“: Кои фудбалери продаваат најмногу дресови во Ла Лига за своите клубови?

Истражување на „Марка“: Кои фудбалери продаваат најмногу дресови во Ла Лига за своите клубови?

Заминувањето на Кристиано Роналдо и одличниот настап на Модриќ на Светското првенство во Русија придонесоа Хрватот да биде вистински хит помеѓу навивачите на „кралевите“.

Имено, дресовите со името на Лука Модриќ се најпродавани помеѓу навивачите на Реал Мадрид!

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Реномираниот шпански медиум „Марка“ направи истражување на кои фудбалери продаваат најмногу дресови во своите клубови.

Како што споменавме во Реал лидер е Модриќ, а зад него следуваат Марко Асенсио и Герет Бејл.

Во Барселона очекувано Меси е лидерот, Кутињо е на втораото место, додека трет е Иниеста кој веќе не е дел од Барселона.

Во Атлетико секако Гризман продава најмногу дресови.

На Леванте одлично му оди во продавањето дресови со името на нашиот фудбалер, Енис Барди. Имено, Барди е трет во Леванте по продажбата на дресови, пред него се Моралес и Роџер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…