Дома Фудбал Останато Историски потег – На овој клуб му беа одземени огромни 54 бода!

Историски потег – На овој клуб му беа одземени огромни 54 бода!

Често пати од грчкиот фудбал ни стигнуваат бизарни вести. Од конфликти со хулиганите, финансиски проблеми на клубовите, а ја паметиме и доживотната суспензија на фудбалерот на АЕК Гиоргос Катидис, кој во 2013 година постигна гол и го прослави со нацистички поздрав.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа она што му се случи на второлигашот Ачарникос веројатно е побизарно од се до сега.

Клубот од Ачарнерс е кој е основан во 1953 година минатата сезона во втората лига заврши на 13 место и обезбеди опстанок. Сепак со години наназад Ачарникос не исплаќал плати на своите играчи, па некои од нив и испратиле тужби.

Грчиот сојуз го предупредуваше клубот дека мора да ги врати долговите, но тешката финансиска ситуација во која се наоѓаше беше огромен проблем. Поради тоа фудбалерите кои го тужеа грчкиот клуб ја добија тужбата, па клубот беше казнет со одзимање на 27 бодови.

Но, тоа не е се. Напротив, Ачарникос доби пет дена да го исплати долгот, во спротивно ќе добие казна од уште -27 бодови. Секако, клубот не успеа па клубот сезоната ја започна со -54 бодови! Одлуката на судот беше конечна и нема право на жалба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новиот играч на Реал: Меси е најдобриот фудбалер во светот

РЕАЛ МАДРИД официјално го претстави својот нов играч. За 45 милиони евра клубот го доведе …