Дома Фудбал Останато Исповед на Ренато Санчез: Слушнав како луѓето зборуваат пропаднат играч, шајзе…Но не е готово!

Исповед на Ренато Санчез: Слушнав како луѓето зборуваат пропаднат играч, шајзе…Но не е готово!

Во сезоната 2015/2016 Ренато Санчез започна да се навикнува на барањата на најсилниот тим на Бенфика од него.

Понекогаш изгледаше како да е создаден за тоа. И тогаш тој гол против Академика. Проектил од 30 метри. Како што тој кажува после тој гол сфатил дека животот му се променил за 180 степени и дека повеќе не е дете кое само игра фудбал. Ренато Санчез во тој ден запловил во светот на возрасните.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште кога во 2016 година со репрезентацијата го освои Европското првенство. Стана Златно момче на европскиот фудбал и сите очекуваа израсне во мега-ѕвезда.

Фудбалскиот свет му се воодушевуваше, а Баерн ја покажа својата моќ кога го доведе за 35 милиони евра. Баерн тогаш се обврза и на огромни бонуси и целата сума на трансферот можеше да стигне и до 80 милиони евра.

Меѓутоа три години подоцна, никој повеќе не зборуваза тие 80 милиони евра. Едноставно Санчез повеќе не изгледа така добро. Португалецот се изгуби во Баерн.

„Мислев дека Европското првенство ме припреми за притисокот во Бундес лигата. Мислев дека сум спремен. Но набрзо сфатив дека не сум. Фудбалски гледано Минхен, а и целата Германија беа толку различни. Во Португалија, само трчав, трчав и трчав, бидеји имав техника и кондиција. Во Германија можеш да трчаш, но играта е толку брза и тоа мора да биде кординирано трчање во спротивно трчаш во празно“, објаснува Санчез.

Во првата сезона во Баерн одигра само 615 минути во Бундес лигата, Лигата на шампионите едвај и да ја виде, не забележа ниту гол, ниту асистенција.

“Не беше идеално, свесен сум. Слушнав што луѓето зборуваат за мене. Промашување. Пропаднат играч. Шајзе. Да го продадеме додека можеме…Најлошо беше што колку и да се трудев, не ми успеваше“.

На момче кое што туку наполнило 19 години воопшто не му беше лесно. Позајмицата во Свонси не беше еден чекор назад, туку два или три…

„Сакав минути, сакав на Мундијалот…Но во Велс едноставно работите тргнаа уште полошо. Само што започнав да се навикнувам на новите соиграчи, дојдоа некои чудни повреди на истата нога. Никогаш претходно не бев повреден, а сега со месеци седев во станот во Свонси и по цел ден гледав како врне дожд. Ништо не може да те спреми за такво нешто“.

„Не се жалам. Само сакам да кажам дека и јас сум човек и дека некои работи не одеа како што замислував. Разбирам. Но, таткото секогаш ми зборуваше: Ти си војник, а војникот никогаш не се откажува. Знам дека многумина ме отпишаа, но прво нека зборуваат со мојот татко“.

Не е ниту оваа, веќе трета сезозона во Баерн баш идеална. Не ниту блиску до такво нешто. Но, Ренато Санчез барем игра во Минхен. Многу е поискусен отколку од пред три години

„После тоа Европско првенство ја сонував Златната топка и сите останати трофеи. И понатаму тие работи ми се амбиции, но пред нив сега се некои нови ставки. Да бидам здрав, да бидам во форма, да играм и да слушнам како во Минхен зборуваат: Тоа е Ренато, затоа го купивме…Чуствувам дека можам до такво нешто. Мојот пат не беше едноставен, но не е готово“, самоуверен е Санчез и покрај сите проблеми.

Во август Санчез ќе го прослави својот 22-ри роденден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…