Дома Останати Испиша историја: Американка на 15 години стана најмлада тениска шампионка!

Испиша историја: Американка на 15 години стана најмлада тениска шампионка!

0

Младата американска тенисерка Коко Гауф влезе во историјата откако стана најмладата тенисерка, со само 15 години, која освоила ВТА турнир.

Коко Гауф го освои турнирот во Линц, откако во финалето ја победи Јелена Остапенко со 6-3, 1-6 и 6-2.

Американката на тој начин стана најмладата тенисерка, која освоила ВТА-титула, откако тоа го направи Никол Ваидишова од Чешка во 2004 година.

„Јас сум само во шок, ова е мојот прв ВТА трофеј. Лудило. Не верував дека ќе влезам во главната жрепка на турнирот, а го освоив како „среќен губитник“. Пред првиот круг, татко ми рече дека не можете да изгубите двапати во исто натпреварување. Тој беше во право“, изјави Гауф.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ докрајот на годината може да се врати на првата позиција на АТП

Новак Ѓоковиќ може да се врати на првата позиција на АТП листата откако го загуби лидерско…