Во најновата епизода „Cool EuroLeague“ на Youtube каналот на Евролигата, нашиот Перо Антиќ зборуваше на различни теми, а една од неизбежните беше ривалитетот на Звезда и Партизан која предизвика голем интерес кај водителот.
„Комплициран однос… Тоа е како воена зона кога се игра дерби, тоа е повеќе од живот, така да кажам. Можеш да ја освоиш Евролигата, но ако не го го добиеш дербито… Комплицирано е, опасно, не е како во Турција или Грција каде не е дозволено навивачите да се спротивставуваат на клубот. Во Србија тоа е дозволено и јас уживам во таквата атмосфера, тоа ми дава дополнителна мотивација. Не знам играч кој не е мотивиран кога игра во таков амбиент“, објаснува Перо Антиќ.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Наивачите на Звезда, Олимпијакос и Фенербахче ги издвои како најдобри, и посочи дека тие се во неговото срце.
„Потполно е поинакво отколку во НБА“, додава нашиот Антиќ.
Во прилог проследете ја целата емисија