Дома Фудбал Репрезентации Ирците не губеа време, пронајдоа нов селектор

Ирците не губеа време, пронајдоа нов селектор

Фудбалскиот сојуз на Република Ирска не трагаше многу за новиот селектор.

Откако после серијата лоши резултати во Лига на нации беше отпуштен Мартин Онил и Рој Кин, Ирците според пишувањата на медиумите од островот, одлучија да го ангажираат Мик МекКарти.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со МекКарти е постигнат договор и се ќе биде официјализирано за некој ден, а наводно му била понудена плата од 1.1 милион евра и договор на две години со опција за продолжување.  Тоа секако ќе зависи од резултатите кои ќе ги оствари.

Во минатото 59-годишниот МекКарти веќе имаше прилика да ја предводи репрезентацијата на Ирска, а како тренер уште ги тренираше Милбол, Сандерленд, Волвс и Ипсвич.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пред Мундијалот стигнуваат лоши вести: Некои ќе изгубат милиони, ситуацијата е апсурдна

Светското фудбалско првенство уште не започнало, а веќе се назира голем проблем кој би мож…