Дома Фудбал Репрезентации „Иранскиот Меси“ на само 23 години ја заврши репрезентативната кариера

„Иранскиот Меси“ на само 23 години ја заврши репрезентативната кариера

azmoun

Младиот напаѓач на Иран, Сардар Азмоун кој со репрезентацијата испадна од тешката група на Мундијалот одлучи да ја заврши репрезентативната кариера на само 23 години.

Одлуката на „иранскиот Меси“ како што го нарече британски „BBC ги шокираше фудбалските фанови со оглед на тоа за каков талент се работи и што најдоброто од него доаѓа во иднина. Азмоун за репрезентацијата дебитираше пред четири години, а од тогаш на 36 натпревари постигна 23 погодоци.
На Мундијалот во Русија не успеа да постигне погодок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иран од Мундијалот беше елиминиран во драмантична завршница против Португалија во која можеа да го исфрлат европскиот шампион.

Азмоун кој од 2013 година игра во Русија член е на Рубин Казан и на Светското првенство ги одигра сите 90 минути во трите натпревари.
После натпреварот против Португалија добил сериозни критики и закани по што ја објасни својата одлука за напуштање на репрезентацијата.

„Мојата мајка се опорави од тешка болест и бев среќен, но поради некои луѓе нејзината состојба се влоши. Тоа ме доведе во тешка позиција да бирам помеѓу едното и другото, ја избрав мојата мајка“, порача Азмоун кој со само 23 години е петти стрелец во историјата на Иран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…