Бесен навивач го нападна селекторот на Гана Крис Хутон во хотелот Абидајн по поразот во првото коло од Африканскиот куп на Нации во недела, потврдија од раководството на оваа репрезентација.
Гана беше поразена од Зеленортските Острови со голот во судиското продолжеие. Овој пораз е изненадувачки, а Зеленортските Острови се најмалата репрезентација од 24-те учесници на турнирот.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Навивачот кој беше во друштво и на други навивачи пристапија кон селекторот додека оваа селекција се враќаше од натпреварот. Хатон исто така беше изложен на вербални навреди. За Гана ова беше втор пораз од аутсајдер откако претходно во квалификациите изгубија од Комори.
Хатон беше член на раководството на репрезентација и на Светското првенство во 2022 година во Катар каде што ја имаше улогата на технички советник.
Some angry Ghana 🇬🇭 fans tried to attack the team after the 2-1 defeat to Cape Verde on Sunday. @SaddickAdams also reported that one of the supporters was detained after an attack on the manager- Chris Hughton #AFCON2023 pic.twitter.com/BiqMgHa2ht
— Eric Njiru (@EricNjiiru) January 15, 2024