Дома Фудбал Репрезентации Инфантино: Светското првенство во Катар ќе биде најдоброто во историјата

Инфантино: Светското првенство во Катар ќе биде најдоброто во историјата

Од самото добивање на организацијата Мундијалот во Катар го следат многу контроверзии, почнувајќи од мито и корупција, па се до нечовечките услови на работниците кои работеа на инфраструктурата на стадионите. Сепак Џани Инфантино верува дека ова Светско првенство ќе биде најдоброто во историјата.

Мундијалот започнува на 20. ноември и ќе трае до 18. декември. Ова ќе биде прв Мундијал кој се одржува во зимски период, иако фудбалерите тоа нема да го почувствуваат затоа што температурите во Катар ќе бидат како летен шампионат.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино има големи очекувања од ова Светско првенство, па дури и порача дека ќе биде најдоброто во историјата.

„Секогаш кажував и верувам во тоа. Светското првенство во Катар ќе биде најдоброто во историјата. Погледнете какви се стадионите, тренинг-центрите, метрото, комплетната инфраструктура…Се е подготвено. Ќе бидам јасен добредојдени се сите без оглед на религиозната припадност, националноста, полот, ceкcyалната определба…“, истакна првиот човек на Светската фудбалска организација.

Засега од Катар не објавија колку севкупно ги чини организацијата на СП, меѓутоа се шпекулира и за сума до 200 милијарди евра кои се вложени во се стадиони, метро, патишта, хотели…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Во Реал Мадрид немаат дилеми кој ќе биде капитен по Начо

Шпанскиот фудбалер Начо Фернандез вчера прифатил двегодишна соработка од Ал Кадсија и таму…