Дома Фудбал Италија Интер ја претстави одличната гарнитура на резервните дресови

Интер ја претстави одличната гарнитура на резервните дресови

Интер денеска одлучи да го претстави резервниот дрес во кој играчите на овој клуб ќе ги играат некои од натпреварите оваа сезона.

Многу европски клубови одлучија во септември да ја претстават гарнитурата на резервни дресови, а денеска тоа го направи и Интер. Италијанскиот клуб на својата официјална страница објави како изгледа дресот и ги воодушеви навивачите.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Навивачите на Интер се воодушевени од дизајнот кој го изработи Најк за резервната гарнитура и рекоа дека сакаат почесто да го гледаат својот тим во овие дресови. Интер со новите дресови би можел да дебитира уште денеска кога на „Меаца“ ќе ја пречека Парма.

Она што особено ги воодушеви навивачите на италијанскиот гигант е видеото со кое беа претставени дресовите ова утро. Во Интер максимално се потрудија тоа да го направат на вистинскиот начин, а сигурно дека не очекуваја дека реакцијата ќе биде така добра.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Големиот Павел Недвед за првпат ќе работи во репрезентативниот фудбал!

Еден од најпознатите чешки фудбалери на сите времиња, Павел Недвед, се врати по скоро две …