Дома Фудбал Италија Интер скапо ја плати победата против СПАЛ

Интер скапо ја плати победата против СПАЛ

Фудбалерите на Интер вчера го победија СПАЛ на домашен терен со 2:0 во рамките на 27. коло од италијанскиот шампионат.

Тие на тој начин ја задржаа четвртата позиција која следната сезона води во ЛШ, но победата ја платија скапо.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Имено, во редовите на Нероаѕурите се повредија два фудбалери и тоа Брозовиќ и Миранда.

Миранда го повреди носот, додека Брозовиќ има мускулна повреда.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, и двајцата се неизвесни за следниот натпревар против Ајнтрахт во Лига Европа, но и против Милан во големото дерби следниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Саутгејт: Го разбирам критиките, но сега доаѓа главното

Англија со една победа и две нерешени ја заврши групната фаза, па иако се пласира во осмин…