Дома Фудбал Италија Интер против Атлетико направи нешто што не му успеало 18 години во ЛШ

Интер против Атлетико направи нешто што не му успеало 18 години во ЛШ

Екипата на Интер во последно време игра одлично, тимот на Инзаги изгледа фантастично избалансирано, „нероаѕурите“ се ефикасни во нападот и цврсти во одбраната, а вчера им успеа нешто што 18 години не им се случило во Лигата на шампионите.

Интер го победи Атлетико Мадрид со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето во најелитното европско натпреварување. Човек на одлука беше Марко Арнаутовиќ кој го совлада Јан Облак на десетина минути пред крајот на средбата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За оваа важна победа на Интер голем удел има и одличната одбрана, голманот Јан Зомер вчера не забележа ниту една интервенција, односно Атлетико не упати ниту еден удар во рамките од голот на италијанскиот претставник.

Пред вчерашниот натпревар, последен пат кога Интер не дозволи на противникот да упати удар во рамките на својот гол беше против Спортинг Лисабон во 2006 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус во проблем: Влаховиќ не игра во дербито со Милан!

Душан Влаховиќ поради повреда сигурно нема да игра против Милан во 13. коло од италијанска…