Дома Фудбал Лига на шампиони Интер постави рекорд во Италија: Никој никогаш како „нероаѕурите“!

Интер постави рекорд во Италија: Никој никогаш како „нероаѕурите“!

Податок кој навистина заслужува респект.

Утре во 21:00 часот не очекува одлично дерби во Лигата на шампионите во кое во Милано ќе се сретнат Интер и Барселона.


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Барселона гостува на „Џузепе Меаца“ во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите. Кај Каталонците неизвесен за овој настап е Лионел Меси.

Меси тренираше и не би било зачудувачки ако видиме на теренот, а навивачите на Интер со нетрпение го чекаат овој натпревар, доказ за тоа е следниот податок.

„Нероаѕурите“ соопштија дека приходот од продадени карти е 5.8 милиони евра! Никој никогаш од кога се игра фудбал во Италија не заработил толкава сума од продажба на влезници.

Според ова можеме да заклучиме дека домот на Интер ќе биде распродаден до последното место, па Барселона ја очекува пеколна атмосфера.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Храбрата Турција не издржа: Холандија со пресврт закажа полуфинале со Англија! 🎥

Oдигра храбро Турција и остави добар впечаток, но сепак Холандија е последниот полуфиналис…