Според информациите кои ги објавија италијанските медиуми, дербито помеѓу Интер и Милан кое се игра за викендот е распродадено, а од него клубот ќе оствари рекордна заработка.
Интер кој е домаќин на овој натпревар од билети ќе заработи седум милиони евра и тоа е рекорд кога во прашање се натпреварите од Серија А.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Градското дерби така ќе се игра во една пеколна атмосфера. Претходниот рекорд беше поставен во натпревар помеѓу Интер и Јувентус во 2019 година, тогаш Интер оствари заработка од 6.6 милиони евра.
Во дербито помеѓу Интер и Милан пред 12 месеци во кое Интер победи 5:1, „нероаѕурите“ инкасираа 6.2 милиони евра.