Дома Фудбал Италија Интер повторно победи и го допре Скудетото🎥

Интер повторно победи и го допре Скудетото🎥

Интер ја продолжи серијата победи попладнево против Каљари и е се поблиску до освојување на Скудетото.

„Нероаѕурите“ потешко од очекуваното стигнаа до трите бода со голот на Дармијан во финишот на мечот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тимот на Конте беше анемичен во првото полувреме и не создаде голема шанса за гол.

Слично беше и во вториот дел, кога видовме само неколку спорадични напади, без зрела шанса.

Моментот на одлука се случи во 76-та минута кога Дармијан го постигна единствениот гол за голема победа на Интер.

Интер ја задржа предноста од 11 бода пред Милан на 8 кола пред крајот, па е се поблиску до титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Капело смета дека Босна и Херцеговина е полесен противник од Велс за Италија

Познатиот тренер ја истакнува добрата техника на репрезентацијата на БиХ, за која верува д…