Дома Фудбал Италија Интер објави рекордни загуби во историјата на Серија А

Интер објави рекордни загуби во историјата на Серија А

Италијанскиот шампион Интер после 11 години го освои Скудетото, но и покрај тоа финансиската ситуација во клубот е катастрофална.

За финансиските проблеми на „нероаѕурите“ стана јасно уште во летото, но сега беа официјализирани откако беше објавен финансискиот отчет за последната година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Интер објави загуба од 245,6 милиони евра, која е рекордна во историјата на Серија А. Претходната година „нероаѕурите“ објавија загуби од 102.4 милиони евра, па јасно е дека ситуацијата во клубот е алармантна.

Токму поради ваквите финансиски резултати Интер ова лето мораше да ги продаде Лукаку и Хакими, но тоа не ги реши во целост проблемите на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид објави уште еден нов дефанзивец

Реал Мадрид ја финализираше зделката со Бенфика за Алваро Карерас. Тој има 22 години, игра…