Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер покажува сериозен интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алексис Санчез сигурно ќе го напушти клубот, Џеко е веќе на залез на кариера, па раководството сака да донесе нов напаѓач.




„Кориере дело Спорт“ пренесува дека миланскиот гигант повторно се насочува кон Антони Марсијал за кого интерес покажуваше и во минатото.




Марсијал во јануари се пресели во Севиља на позајмица, но без право на откуп, па на лето сигурно ќе се врати во Манчестер Јунајтед.




Интер и во минатото покажуваше интерес и верува дека сега е идеален момент да испрати понуда за Французинот.