Интер е во потрага по уште две нови засилувања ова лето, а тренерот Лучијано Спаелти почнал да го губи трпението, пренесува „Газета дело Спорт“.
Не е тајна дека „нероаѕурите“ ги сакаат Врсаљко од Атлетико Мадрид и Артуро Видал од Баерн Минхен, но неопходно е да продадат некои од играчите за да ги финансираат трансферите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спалети неколку пати повтори дека очекува уште две засилувања и дека тимот има потреба од ширина бидејќи ќе се натпреварува на три фронта.
Најновите информации од Апенините говорат дека „нероаѕурите“ се спремни да го продадат Матијас Весино за да го финансираат трансферот на Видал.
За Уругваецот е заинтересиран Челзи, кој е спремен да понуди помеѓу 25-30 милиони евра, колку што бара Баерн за слободата на Видал.