Дома Фудбал Италија Интер вечерва ослабен: „Нероаѕурите“ без човекот кој најмногу го мрази Јувентус

Интер вечерва ослабен: „Нероаѕурите“ без човекот кој најмногу го мрази Јувентус

inter

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан ќе го пропушти вечерашниот натпревар помеѓу Јувентус и Интер.

Ќе потсетиме, Наинголан се повреди против Тотенхем во Лигата на шампионите и иако имаше најави дека можеби ќе биде во составот, сепак не успеа да се опорави.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Oва секако е разочараување за Белгиецот кој е познат како посебно голем непријател на Јувентус и често пати во јавноста излегуваше со отворени критики и провокации кон клубот од Торино.

Но, добри вести за „нероаѕурите“ се што Шиме Врсаљко се враќа во тимот после неколку недели и ќе биде спремен за настап.

Големото дерби започнува во 20:30 часот, а Интер ќе мора да победи доколку сака да задржи какви-такви шанси да се бори за „Скудетото“.

Ова се фудбалерите на кои Лучијано Спалети ќе може да смета за вечерашниот натпревар.

Хандановиќ, Падели, Берни, Врсаљко, Де Фрај, Ранокиа, Асамаоа, Миранда, Д’Aмбросио, Скриниар, Гаљардини, Весино, Жоао Марио, Борха Валеро, Перишиќ, Брозовиќ, Икарди, Лаутаро Мартинез, Кеита Балде, Политано, Кандрева.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…