Легендарниот плејмејкер на Барселона, Андрес Иниеста го советува раководството на Каталонците да направи се што е во нивна моќ за да го задржи Серхио Бускетс.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Бускетс побарал подобар договор со председателот Бартомеу и се заканил дека во спротивно ќе го напушти „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бускетс е дете на Барселона, а за првиот тим игра од 2008 година и од тогаш се етаблираше како еден од клучните играчи во каталонскиот гигант.
„Ќе биде огромна грешка ако Бускетс замине. Не верувам дека работите ќе дојдат до таму, бидејќи тој е многу важен играч и веќе долги години игра на високо ниво“, изјави Иниеста.