Дома Фудбал Италија Инзаги пред отказ, Интер го контактирал Станковиќ

Инзаги пред отказ, Интер го контактирал Станковиќ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е спремен да му врачи отказ на тренерот Симоне Инзаги.

Интер ја започна сезоната под очекувањата, а поразот од Удинезе ја прели чашата и раководството размислува за тренерска смена.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Инзаги ја презеде одговорноста за поразот, а незадоволството и во соблекувалната расте бидејќи тренерот направи две измени во првите 30 минути.

Наводно Интер веќе нашол замена, а тоа е клупската легенда Дејан Станковиќ. Србинот е слободен откако замина од кормилото на Црвена Звезда минатиот месец.

Раководството смета дека Станковиќ го има потребниот авторитет за да ја реши ситуацијата во соблекувалната и да ги поправи резултатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пред дербито со ПСЖ: Миленикот на навивачите на Реал Мадрид доби одлични вести

Реал Мадрид вечерва ќе игра полуфинале од Светското првенство за клубови против ПСЖ, а еде…