Во август 2016 година, тогаш најдобриот стрелец на првата лига во Хрватска Илија Несторовски го напушти Интер Запрешиќ и потпиша за Палермо. Нашиот Нестор тогаш на Сицилија пристигна во сенка на поранешниот италијански репрезентативец, Алесандро Дијаманти.
Но, така беше само на почетокот. Нестор за брзо време на навивачите им ги покажа своите голгетерски вештини, а во зимскиот преоден рок беше поврзуван со бројни европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Палермо успеа да го задржи најдобриот стрелец на тимот со 11 постигнати погодоци. За жал „орлите“ испаднаа од Серија А и се преселија во понизок ранг.
Тогаш се очекуваше Несторовски да го напушти Палермо, но во стил на најголемите фудбалски романтирачи, „македонскиот Варди“ остана на „Ренцо Барбера“ за да го врати својот клуб помеѓу најдобрите.
Малку им недостасуваше, но сепак останаа во Серија Б, а во клубот остана и – Несторовски! Денес сосема заслужено тој е капитен на Палермо и вистинска икона помеѓу навивачите, човек кој е помеѓу најомилените на култната Сицилија.
Ова лето повторно голем број европски, но и клубови од Далечниот исток тропнаа на вратата на Палермо да се распрашуваат за Несторовски, но тој и понатаму е член на Палермо! СЕКОЈА ЧЕСТ!
Без никакви дилеми, нашиот Илија Несторовски е вистински поборник на новата генерација „калчо-романтичари“!