Дома Фудбал Италија Икарди ја изгуби капитенската лента, Ванда не запира: Тој што избира со своето срце никогаш не греши (ФОТО)

Икарди ја изгуби капитенската лента, Ванда не запира: Тој што избира со своето срце никогаш не греши (ФОТО)

Maуро Икарди се уште не го продолжил договорот со „Нероаѕурите“, а после тоа што се случуваше пред два дена тешко и дека ќе се случи.

Икарди ја изгуби капитенската лента и таа во иднина ќе ја носи Сами Хандановиќ. Покрај тоа беше изоставен од тимот за вчерашниот натпревар на Интер против Рапид Виена. Освен тоа Икарди ќе го пропушти и натпреварот за викендот против Сампдорија.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Објаснувањето е дека станува збор за ситна повреда, меѓутоа никој не верува во такво нешто.

Како извор на сите проблеми се наведува неговата сопруга и агент Ванда Нара. Критики доби и од страна на Фабио Капело кој директно ја обвини неговата сопруга.

„Во соблекувалната на еден тим во никој случај не смее да се дозволи сопругата на фудбалерот кој е капитен да зборува што ќе стигне во јавноста на штета на клубот. Џабе Икарди се поздравува со судијата на натпреварот кога очигледно капитенот на Интер е во неговиот дом“.

Ванда вчера објави фотографија по повод денот на вљубените, но истата може да се сфати и како порака до Интер.

-Не научивте што значи да сонувате, страдате, да се борите, да се жртвувате, да плачете, да се борите, да ги цените, летате, да останете и да живеете за љубов. Тој што избира со своето срце никогаш не греши. Вашето семејство. Среќен ден на вљубените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…