Дома Фудбал Италија Икарди: Повторувам, сакам да останам во Интер!

Икарди: Повторувам, сакам да останам во Интер!

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди ја негираше денешната информација од „Газета дело Спорт“, дека веќе се договорил со Јувентус.

Утринава најпознатиот италијански весник објави дека Аргентинецот веќе има договор со „старата дама“ и останува уште двата клуба да се договорат за трансферот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа, набрзо се огласи самиот Икарди кој истакна дека тоа не е вистина и дека неговата цел е да остане во Интер.

„Со оглед на тоа што новинарите во последно време пишуваат вести кои не ги претставуваат моите мисли и намери, сакам да им соопштам на сите фанови – мојата желба е да останам во Интер“, порача Икарди на својот Инстаграм профил и додаде:

„Од денеска повеќе нема да има недоразбирања. Разбирам дека новинарите имаат потреба да продаваат лажни вести, но јас освен демант, немам што повеќе да направам. Повторувам – ја изразив желбата да останам во Интер, затоа што Интер е моето семејство. Времето ќе покаже кој ја зборува вистината. Форца Интер засекогаш“, изјави Икарди.

Иако во изминатиот период Икарди имаше големи проблеми со управата и тренерот на клубот, се чини дека голема е веројатноста тој да остане во Интер, особено поради фактот што наскоро Спалети речиси сигурно ќе добие отказ, а на негово место ќе пристигне Антонио Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уапсен навивачот кој погоди судија на натпреварот меѓу Сент Етјен и Лион (Видео)

Францускиот прволигаш Сент Етјен официјално објави дека француската полиција го уапсила ма…