Дома Топ вести Икарди донесе одлука – Интер останува без капитенот

Икарди донесе одлука – Интер останува без капитенот

Мауро Икарди не сака да остане во Интер и според информациите од италијанските медиуми одбил да преговара за продолжување на договорот и укинување на откупната клаузула.

Наводно причината за тоа не се парите, туку амбицијата на клубот. Икарди не верува во проектот на кинеските сопственици. Во игра се вклучи Раиола кој би требало да издејствува што подобри услови при трансферот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинецот во својот договор има откупна клаузула од 110 милиони евра, а веќе постојат неколку клубови кои се спремни да ја платат, меѓу кои Реал Мадрид и ПСЖ.

Икарди е разочаран што сопствениците, компанијата „Сунинг“ не вложува во играчки кадар и смета дека Интер уште долго време нема да може да се врати во самиот европски врв.

Со оглед на добрите односи кои ги има Раиола со Пари Сент Жермен, тоа е најреалната дестинација за Икарди кој би требало да биде замена за Кавани.

Во секој случак, се поизвесно е дека Интер на лето ќе остане без капитенот, па поради тоа брзаат што поскоро да го комплетираат трансферот на Лаутаро Мартинез во кого гледаат негова замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…