Дома Трансфер зона Изненадување од Островот: Сити ја одредил цената за Де Брујн?!

Изненадување од Островот: Сити ја одредил цената за Де Брујн?!

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујн неодамна се врати по долгата пауза поради повреда, меѓутоа повторно пропушти два натпревари за Манчестер Сити поради нов здравствен проблем.

Ваквата ситуација доведе до интезивирање на шпекулациите за неговата иднина. Летово Де Брујн ќе влезе во последните 12 месеци од договорот со „граѓаните“ и управата на клубот сериозно размислува да го продаде.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Де Брујн се наоѓа високо на листата на желби на богатите клубови од Саудиска Арабија, веднаш зад Мохамед Салах. Според информациите на Островот, Манчестер Сити е спремен да го продаде Де Брујн за сума од 100 милиони фунти.

Де Брујн е најплатениот фудбалер на Сити, меѓутоа е долго време повреден, па во таборот на „граѓаните“ не се сигурни дека продолжување на соработката би била најдобра опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…