Дома Фудбал Репрезентации Изненадување: Ловрен се збогуваше со хрватската репрезентација

Изненадување: Ловрен се збогуваше со хрватската репрезентација

Хрватскиот фудбалер, Дејан Ловрен објави дека повеќе нема да го носи дресот на репрезентацијата.

Одлуката за повлекување како што самиот објави во неговото обраќање на социјалните мрежи ја донел со тешко срце и после долго размислување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


“Драга репрезентацијо, драги верни навивачи, би сакал да би се обратам со некои баш и не среќни вести, но верувајте ми дека одлуката ја донесов после многу размислување. Навистина ми е тешко што го пишувам ова, се трудам да не заплачам, но добро ме познавате каков човек сум со срце и емоции. Дојде денот кога морам да се простам од хрватската репрезентација, иако себе и понатаму се доживувам како голем навивач кој секогаш ќе навива за репрезентацијата“

„Од дете сонував дека ќе играм на големи турнири во тој прекрасен дрес. Првпат го облеков кога имав девет години и никогаш нема да го заборавам тој посебен момент – како да ја облеков наметката на Супермермен, едноставн онешто што не може да се опише. Засекогаш ќе го паметем 8-ми октомври 2009 година кога официјално дебитирав за мојата татковина“, објави помеѓу другото, Ловрен.

За Хрватска Ловрен настапи на 78 натпревари, постигна пет голови, а најголем успех секако му се медалите од Мундијалите во Русија (сребрен) и Катар (бронза).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…