Игор Тудор би можел да го напушти Лацио, римскиот клуб чиј тим го презеде во средината на март.
Причина за заминувањето како што наведуваат италијанските медиуми би можела да се бара во различните ставови за летниот преоден рок. Тудор направи мал подвиг со Лацио за само два месеци и обезбеди излез во Европа за следната сезоната и тоа во Лигата на Европа, но прашање е какви се плановите на раководството за летната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тудор е под договор и за следната сезона, но прашање е дали ќе го одработи до крај. Лацио сака да ја продолжи соработката, но тој јасно ставил до знаење како сака да се одвива ситуацијата во текот на летото.
Исто така се наведува дека Тудор не им одговарал на сите фудбалери на Лацио во соблекувалната, еден од примерите Матео Гендузи кој сака да замине, како и Луис Алберто.
Како и да е се очекува ситуацијата со хрватскиот стратег да биде појасна во најбрз можен рок со цел клубот да се посвети на припремите за сезоната.