Каталонскиот „Спорт“ пренесува изненадувачка вест – Барселона сака да го врати Луис Суарез!
Пред две години Суарез не по негова желба замина откако претходното раководство не му понуди нов договор. Тогашниот тренер Роналд Куман дури го остави Суарез сам да тренира со цел да го натера да замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спорт“ сега пренесува дека Барселона сака да го врати Суарез и првите контакти веќе биле остварени.
Сепак, предлогот на Барселона бил Суарез да почека до август за да види што ќе се случува со Роберт Левандовски кој е приоритет во овој момент. Тоа на Суарез не му одговарало затоа што има и други понуди, па засега не изгледа дека понудата ќе биде прифатена.