Дома Фудбал Англија Избран најдобриот голман во Премиер лигата од 1992 година до денес: Не примил гол на 134 натпревари!

Избран најдобриот голман во Премиер лигата од 1992 година до денес: Не примил гол на 134 натпревари!

Реномираниот сајт „442“ направи истражување на тема „најдобриот голман во Премиер лигата“.

Англискиот сајт одлучи да го пронајде најдобриот голман во Премиер лигата, а резултатите можеби многумина ќе изненадат.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Условот за влез во истражувањето бил секој голман да има одиграно најмалку 50 натпревари, но тие не ги земале во предвид голманите кои бранеле пред 1992 година.

Според нивното истражување најдобар голман кој бранел во Премиер лигата од 1992 година, па наваму е Пепе Реина кој на голот на Ливерпул бранеше од 2005 до 2013 година и настапи на 285 натпревари.

Реина „чиста“ својата мрежа успеал да ја сочува на дури 134 натпревари.

Во проценти тоа е 47.02“, зад него следуваат Петар Чех со 45.65, Ван Дер Сар со 42.17%, Шмајхел со 41.29% и Дејвид Симан со 40.70%.

Шпанецот со своите одбрани му помогна на Ливерпул во тој период (2005-2013) да стигне до Суперкупот на УЕФА, ФА Купот и Лига Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

По разочарувачката сезона без освоен трофеј во која дополнително Барселона зададе четири б…