Дома Топ вести Иднината на Мбапе – Барса не го кажала последниот збор!

Иднината на Мбапе – Барса не го кажала последниот збор!

Иако вчера мадридските медиуми објавија бомбастична вест дека Мбапе му кажал ДА на Реал Мадрид, сепак во целата ситуација се вклучи Барселона која сака да му гин поремети сметките на „кралевите“.

Имено, еминентниот „Don Balon“ пренесува дека раководството на каталонскиот гигант е силно заинтересирани за 18-годишниот фудбалер и има план како да го донесе на „Камп Ноу“.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Претставниците на Барса веќе разговарале со младиот фудбалер во намера да го убедат да ја одбие понудата од Реал и да им се придружи на „Камп Ноу“.

Веруваат дека Мбапе и Меси би сочинувале пеколен тандем, а по неколку години тој и Нејмар би биле ударниот тандем на Каталонците. Токму тоа во Барса го искористиле како главен аргумент во убедувањето.

Сепак, обидите на Барселона најверојатно нема да имаат никаков учинок, се чини дека играчот е подготвен да го напушти Монако само во случај да пристигне понуда од Реал, а голема улога во неговиот избор сигурно има неговиот сонародник Зинедин Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Омерагиќ доби честитка од Чеферин

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин упати писмо со честитка за изборот на …