„Скај“ пренесува дека тренерот на Јувентус донел одлука!
Како што сега стојат работите Масимилијано Алегри не оди никаде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алегри важеше како кандидат за седнување на клупата на Арсенл, но предводник на клубот од Лондон наредната сезона најверојатно ќе биде Микел Артета, додека пак Италијанецот ќе остане во Торино.
Откако Алегри седна на клупата на Јувентус во 2014 година го предводеше клубот до четири Скудета и исто толку трофеи во Купот на Италија.
Под негово водство Јувентус два пати играше во финалето од Лигата на шампионите и два пати беше поразен. Во 2015 од Барселона, а минатата година од Реал Мадрид.
И покрај тоа што Јувентус и понатаму доминира во Италија медиумите не престануваат да шекулираат за неговата иднина и често се пишуваше дека би можел да замине, но тоа најверојатно нема да се случи, барем не оваа сезона.