Дома Фудбал Останато Игуаин и Луиз не биле причината: Од Челзи објаснија зошто Сари беснееше на тренингот (ВИДЕО)

Игуаин и Луиз не биле причината: Од Челзи објаснија зошто Сари беснееше на тренингот (ВИДЕО)

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари вчера предизвика големо внимание на последниот тренинг пред вечерашното финале во Лигата на Европа против Арсенал.

Италијанскиот стратег се налути и си отиде во соблекувалната, покрај тоа шутираше се што му се најде на патот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иако прво се сметаше дека причина за бесот на Сари е малата расправија која ја имаа Давид Луиз и Гонзало Игуаин според она што го кажаа од Челзи тоа не е случај.

Од Челзи објаснуваат дека Сари бил лут во последните 15 минути од тренингот затоа што не можел да вежба одредена акција бидејќи медиумите биле присутни во текот на целиот тренинг.

Претходно било договорено тие да се повлечат во одреден момент. Меѓутоа новинарите на тренингот останале од почетокот до крајот на тренингот, а тоа Италијанецот го налутило.

Сари изгледаше навистна налутено што не можеше да го одработи она што го планирал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хујсен направи нова глупост: Мбапе и Ѓулер стрелаа за три бодови за Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид извојува значајна победа на гостувањето кај Реал Сосиедад, совладувајќи го про…