Дома Фудбал Останато Игуаин: До 2014 бев најдобар напаѓач на светот, после Германија се заврши

Игуаин: До 2014 бев најдобар напаѓач на светот, после Германија се заврши

Кристиано Роналдо и Лео Меси дефинитивно обележија една ера поради нивното неверојатно високо ниво на игра долги години.

Роналдо и Меси, иако од поодамна се во четвртата деценија од животот поставуваат стандарди, а тоа не може да се каже за Гонзало Игуаин.

Игуаин во овој момент настапува во МЛС лигата за Интер Мајами, а за аргентинските медиуми зборуваше за својата кариера, Меси и Роналдо.

„Бев играч кој играше со двајцата, а потоа бев тој со кој двајцата најдобро се сложуваа во играта. Ги разбирав Меси и Роналдо. Проблемот не е во нив, туку во вас. Знаев што сакаат, што не сакаат, како се чувстуваат комфорно, а како не. Можеа да се потрпат на мене“, изјави Игуаин.

„До 2014 бев најдобар напаѓач во светот, а после Германија се заврши. До тогаш постигнав девет голови во квалификациите, а сега тоа никој не го кажува. Да не заборавиме дека мораш да постигнуваш голови за да се пласираш на СП“, порача Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус започна преговори со Гатузо

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанс…