Некогашниот бразилски репрезентативец, Едилсон истакна дека на врвот на играчката кариера бил подобар од Кристиано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар.
Едилсон со репрезентацијата на Бразил го освои Светското првенство кое во 2002 година кое се одржа во Кореа и Јапонија, а со Палмеирас и Коринтијанс четири пати беше шампион на Бразил.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Во најдобрите денови играв подобро од Нејмар. Треба да го освои Светското првенство за да биде подобар од мене. За Меси да е подобар од мене и тој мора да го освои Светското превенство. Што се однесува до Кристиано, тој е само сила. Добро ја удира топката со двете ноѕе, но јас бев повешт од него“, изјави Едилсон.
Интересно е тоа што Едилсон само една сезона помина во Европа и тоа играјќи за Бенфика, а останатиот дел од кариерата ја градеше во Бразил, Јапонија и во ОАЕ.