Дома Фудбал Италија Играч на Милан вчера одбил да влезе во игра?

Играч на Милан вчера одбил да влезе во игра?

Вчера Милан славеше во натпреварот против Торино со 1:0.

„Росонерите“ славеа благодарение на голот на Анте Ребиќ, меѓутоа во Италија не е само победата она за што се пишува после натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред самиот крај на полувремето на клупата на Милан била забележена чудна ситуација во која во главна улога бил Матео Мусакио. Имено, Симон Кјаер побара измена поради повреда, а тренерот на Милан, Пиоли на загревање испрати тројца фудбалери меѓу кои беше и Мусакио.

Инаку, токму поради Кјаер Мусакио остана без поголемиот дел од минутажата во Милан. На крајот во 44. минута во игра влезе Матео Габла.

Но, тоа не била првата одлука на Пиоли. Наводно Аргентинецот побарал од Пиоли да не го става во игра поради проблеми со листото. Сепак, докторите во Милан пред натпреварот го прегледале Мусакио и констатирале дека се е во ред.

Пиоли одлучил да му ја исполни желбата, иако изгледал изненадено и по малку луто. После полувремето Мусакио не се врати ниту на клупата на Милан.

Овој случај потсетува на оној во кој актери беа Гатузо (тогаш беше тренер на Милан) и Бакајоко. Меѓутоа нивниот дуел беше со многу поголем интезитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…