Дома Фудбал Останато Играчот на Барса во криза, беше избркан од репрезентацијата, а сега се коцка!

Играчот на Барса во криза, беше избркан од репрезентацијата, а сега се коцка!

Турскиот фудбалер, Арда Туран, поминува низ тежок период откако пред неколку дена беше исфрлен од репрезентацијата поради инцидентот со еден новинар.

Конфликтот како што е познато бил толку сериозен, што дошло и до физички контакт во авионот со кој репрезентацијата на Турција се враќаше од пријателскиот натпревар против нашата репрезентација (0:0).

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сега, според пишувањето на каталонскиот „Спорт“, Арда Туран, во последно време има големи проблеми со коцкањето, а наводно останал без огромна сума на пари во едно казино во Барселона.

Оваа вест ја пренесуваа и турските медиуми кои наведуваа дека се разочарани од однесувањето на довчерашниот капитен на нивната селекција. Туран во овој момент се наоѓа во Мека, во Судиска Арабија и не сакаше да ги коментира овие обвиненија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мемфис Депај и хотелска соба од 40.000 евра месечно

Бразилскиот Коринтијанс западнал во големи долгови поради лошо направениот договор со позн…