Дома Фудбал Италија Ибра повторно се повреди

Ибра повторно се повреди

Златан Ибрахимовиќ неодамна се врати на терените, но повторно ја обнови повредата и ќе паузира 20-ина дена.

40-годишниот Швеѓанец сезонава пропушти 16 натпревари поради повреди на коленото и Ахиловата тетива.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според информациите Ибра ќе ги пропушти дуелите со Џенова и Лацио во Серија А, како и дуелот со Интер во Купот.

Ова е лоша вест за тренерот Пиоли бидејќи Ибра е исклучително важен за тимот, а Милан е во трка за Скудетото.

Швеѓанецот оваа сезона одигра само 937 минути во Серија А, постигна 8 гола, а честите повреди можат да значат и крај на неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со „кисела“ насмевка Нуњез го потресе Ал Хилал: Два гола, па силна провокација на сопствениците на клубот (Видео)

Дарвин Нуњез се најде во центарот на вниманието за време на натпреварот од АФК Лигата на ш…